• image
  • image
  • image

Кромид

Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Постојат неколку сорти од овој тркалезен зеленчук: жолт, црвен (полут и поблаг), бел, бисерен и благ кромид. Тој се употребува како додаток или зачин во сите светски кујни. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна. Може да се јаде пржен или свеж во салати, но и како зачин. Во зависност од врстата, кромидот може да биде со остар или благ вкус.

Кромидот е многу здрав зеленчук. Луковицата од кромидот содржи вредни лековити материи и може да се користи како природен лек за многу заболувања.

Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти. Но, вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони... Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, П, бета каротин. Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот.