• image
  • image
  • image

Лубеница

Лубеница (Citrullus lanatus) е зеленчук од фамилијата Cucurbitaceae. Таа е многу здрав зеленчук, а посебно е корисна за бубрезите. Велат дека лубениците најпрвин растеле во пустината Калахари во Африка, и тоа пред илјадници години. Познатиот истражувач David Livingstone во 1850 година ја нашол таму во изобилство. Потоа лубеницата се раширила на Медитеранот.

Лубеницата е едно од најомилените јадења во лето. Таа е право освежување во жешките летни денови. Плодот на лубеницата содржи преку 90% вода, а многу малку белковини и 10% овошен шеќер. Од витамини содржи каротини, витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Таа е добар извор и на бета каротин и ликопен.

Поради големата содржина на вода, лубеницата одлично ја гаси жедта. Во исхраната се користи свежа, во овошни салати и за правење на слатко. Поволно делува на работата на органите за варење и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Во 100 гр лубеница има само 30 калории.