• image
  • image
  • image

Пиперка

Пиперката во Република Македонија, како и доматот, се одгледува во текот на целата година во заштитен простор и на отворено во полски услови. Најголемиот дел од производството се продава на домашниот пазар за употреба во свежа состојба и за преработка во домашната индустрија. Дел од производството се извезува во свежа состојба и во вид на преработки.

Во текот на нејзиното одгледување, таа страда скоро од истите болести и штетници како и доматот, но повеќе од пламеницата (Phytophthora capsici), од зеленото венење (Verticillium albo-atrum) и од одредени вируси.