• image
  • image
  • image

Праз

Празот е од истата фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност, нискокалоричен е и во 100 грама праз има само 28kcal.

Со готвењето се нарушува витаминско – минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж, како салата.

Алицинот го намалува и крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања.

Бидејќи содржи доста калиум (во 100 гр.има 300 мг), а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на течностите и токсичните материи преку бубрезите. Затоа често празот им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, посебно за намалување на отоците.