• image
  • image
  • image

Зелка

Зелката содржи природни состојки кои дејствуваат како лекови против чирот. Фактот дека зелката може да помогне во лекувањето на чирот, е утврден уште во 50–те години на минатиот век, во обидите на д-р. Гарет Чени од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Станфорд. Тој докажал дека околу 1,1 литар свеж сок од зелка на ден помага во ублажувањето на болките и го лекува желудечниот чир, како и чирот на дванаестопалечното црево поуспешно и подобро дури и од стандардните терапии.

Зелката делува благотворно при чирот на желудникот, најверојатно зајакнувајќи ја отпорноста на слузницата на желудникот.

Друга можност е дека зелката има и антибиотски својства. Во лабораториските испитувања е утврдено дека зелката уништува низа на бактерии, можеби меѓу нив и ја уништува бактеријата H. pylori, која во денешно време се смета за најодговорна за појавата на чир на желудникот.