• image
  • image
  • image

За нас

Тома- Радово врши откуп на земјоделски производи (зеленчук и овошје) кое го приготвува за извоз на повеќе странски пазари, но најмногу во Русија, Белорусија, Србија и Бугарија.

Фирмата е основана 2002 година и отогаш па до ден денес ја прати успех.

Успешноста на оваа фирма се темели на тоа што добро ги познава потребите за квалитетни производи во соодветна амбалажа, а и со навремена испорака што го налагаат развиените европски држави. Менаџерскиот тим на Тома-Радово, редовно ги посетува саемите на земјоделски производи во европските центри, ги посетува и фирмите во тие земји кои вршат откуп на земјоделски производи, но и разговара и со производителите.

Сето тоа искуство што го добиваат менаџерите, овозможува да ги разберат потребите за квалитет на крајните потрошувачи, притоа водејќи сметка за одредување на конкурентски цени.

Тома-Радово. Име со библиско потекло. Св. Тома, Исусов апостол кој не поверува дека Исус воскресна и им се објави на апостолите - " Не верувам додека не ги допрам неговите рани". Виде и поверува. Отука и фирмата Тома-Радово на лице место со свои очи го гледа производот и се уверува во квалитетот.