• image
  • image
  • image

Краставица

Краставицата се одгледува претежно во заштитени простори (пластеници и стакленици). Нејзиното производство не престанува во текот на целата година. Најголемиот дел од производството се извезува, дел останува за домашниот пазар, а дел (корнишоните ) се конзервира.

За успешното одгледување на краставицата неопходно е да се обезбедат специфични услови – топлина и висока релативна влажност на воздухот. При такви услови, посебно во заштитените простори, таа развива бујна вегетативна маса и се создаваат извонредни услови за појава и развој на специфични болести и штетници

Во текот на производството на расад, во пластениците, стаклениците, па и на отворено, се јавуваат истите штетници и болести, како и при доматот и пиперката, плус пламеницата (Pseudoperonospora cubensis).