• image
  • image
  • image

Слива

Сливата потекнува од родот Prunus, на кого припаѓаат и праската, вишната и црешата. Латинскиот збот и е Prunus domestica, а се смета дека потекнува од брегот на Каспиското море. Сливата се одгледува во текот на целата година, а најголеми произведувачи се Русија, Кина, САД и Романија. Во нашите краеви свежа слива може да се најде од мај до октомври.

Постојат преку 2000 врсти на сливи настанати со вкрстување, со различни големини, вкусови, бои и нијанси: плави, зелени, бели, жолти, црвени, портокалови...

Плодот на сливата содржи малку калории (околу 40 во 100 гр. плод), така што е погодна за: диетална исхрана, како дуеретик, за чистење на организмот, но содржи и многу корисни супстанци: Бета каротин, растителни влакна, растителни масти, растителни хормони, Б витамини, витамин В, витамин Е, витамин К, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, минерални соли, органиски киселини, феноли, јаглени хидрати, целулоза, шеќер (природен).