Кромид
Лето — Есен — Зима

Кромид

Главна берба лето–есен; достапност преку зима од складирање.

Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Постојат неколку сорти од овој тркалезен зеленчук: жолт, црвен (полут и поблаг), бел, бисерен и благ кромид. Тој се употребува како додаток или зачин во сите светски кујни. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна. Може да се јаде пржен или свеж во салати, но и како зачин. Во зависност од врстата, кромидот може да биде со остар или благ вкус.

Кромидот е многу здрав зеленчук. Луковицата од кромидот содржи вредни лековити материи и може да се користи како природен лек за многу заболувања.

Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти. Но, вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони... Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, П, бета каротин. Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот.

Нутритивни вредности

На 100 g јадливиот дел (свеж, суров кромид).

Суров кромид — типични вредности на 100 g
Состојка Количина
Енергија 40 kcal / 167 kJ
Протеини 1,1 g
Масти (вкупно) 0,1 g
Јаглехидрати 9,3 g
од кои шеќери 4,2 g
Влакна 1,7 g
Витамин C 7 mg
Витамин K 0,4 µg
Фолна киселина (B9) 19 µg
Калиум 146 mg
Калциум 23 mg
Железо 0,2 mg

Ориентациони податоци; вистинските вредности зависат од сортата, сезоната и условите на одгледување.

Достапност по сезона

Типична понуда за регионот Струмица и Македонија.

  • Лето јуни – август
  • Есен Тековна септември – ноември
  • Зима декември – февруари