Лубеница
Летна берба; свежо овошје за домашен и извозен пазар.
Лубеница (Citrullus lanatus) е зеленчук од фамилијата Cucurbitaceae. Таа е многу здрав зеленчук, а посебно е корисна за бубрезите. Велат дека лубениците најпрвин растеле во пустината Калахари во Африка, и тоа пред илјадници години. Познатиот истражувач David Livingstone во 1850 година ја нашол таму во изобилство. Потоа лубеницата се раширила на Медитеранот.
Лубеницата е едно од најомилените јадења во лето. Таа е право освежување во жешките летни денови. Плодот на лубеницата содржи преку 90% вода, а многу малку белковини и 10% овошен шеќер. Од витамини содржи каротини, витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Таа е добар извор и на бета каротин и ликопен.
Поради големата содржина на вода, лубеницата одлично ја гаси жедта. Во исхраната се користи свежа, во овошни салати и за правење на слатко. Поволно делува на работата на органите за варење и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Во 100 гр лубеница има само 30 калории.
Нутритивни вредности
На 100 g јадливиот дел (свежа, сурова лубеница).
| Состојка | Количина |
|---|---|
| Енергија | 30 kcal / 126 kJ |
| Протеини | 0,6 g |
| Масти (вкупно) | 0,2 g |
| Јаглехидрати | 7,6 g |
| од кои шеќери | 6,2 g |
| Влакна | 0,4 g |
| Витамин C | 8 mg |
| Витамин K | 0,1 µg |
| Фолна киселина (B9) | 3 µg |
| Калиум | 112 mg |
| Калциум | 7 mg |
| Железо | 0,2 mg |
Ориентациони податоци; вистинските вредности зависат од сортата, сезоната и условите на одгледување.
Достапност по сезона
Типична понуда за регионот Струмица и Македонија.
-
Лето јуни – август