Праз
Свеж лук за пролет и есен; отпорна зимска култура.
Празот е од истата фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, празот е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност, нискокалоричен е и во 100 грама праз има само 28 kcal.
Со готвењето се нарушува витаминско – минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж, како салата.
Алицинот го намалува крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања.
Бидејќи содржи доста калиум (во 100 гр. има 300 мг), а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Празот го зголемува излачувањето на течностите и токсичните материи преку бубрезите. Затоа често празот им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, посебно за намалување на отоците.
Нутритивни вредности
На 100 g јадливиот дел (свеж, суров праз).
| Состојка | Количина |
|---|---|
| Енергија | 61 kcal / 255 kJ |
| Протеини | 1,5 g |
| Масти (вкупно) | 0,3 g |
| Јаглехидрати | 14,2 g |
| од кои шеќери | 3,9 g |
| Влакна | 1,8 g |
| Витамин C | 12 mg |
| Витамин K | 47 µg |
| Фолна киселина (B9) | 64 µg |
| Калиум | 180 mg |
| Калциум | 59 mg |
| Железо | 2,1 mg |
Ориентациони податоци; вистинските вредности зависат од сортата, сезоната и условите на одгледување.
Достапност по сезона
Типична понуда за регионот Струмица и Македонија.
-
Пролет март – мај
-
Есен Тековна септември – ноември
-
Зима декември – февруари